Древна јогиска технологија.
Искуствено самоспознавање.
Заедница која дише заедно.
Ова е простор во кој секој може подлабоко да се пронајде и спознае себеси, без разлика на искуство или ниво на спремност. Повеќе од јога студио, ние сме заедница во која пристигнуваме до трансформација преку прецизна јогиска технологија. Искуството е учителот. Тука не учиме техники од далечина, туку ги отелотворуваме. Без разлика дали доаѓаш во студиото, следиш програма или се приклучуваш преку стрим, патот е тој: враќање кон себе, чекор по чекор, здив по здив.

Ади Шакти јога центарот се наоѓа во срцето на град Скопје
Служи како простор во кој секој може да се пронајде и спознае себеси подлабоко, без разлика на искуство или ниво на спремност. Нудиме разновидна понуда на часови, динамични, медитативни, ресторативни јога часови како и уникатни звучни работилници. Она што нè издвојува се нашите ексклузивни гонг патувања, кои се често дел од нашите часови и носат длабоко ментално и духовно ресетирање преку моќта на звукот и вибрацијата.
Основано од Ивана во 2024. со цел да биде кров на заедница свесни и будни луѓе кои заедно чекорат, досега било домаќин на повеќе работилници, јога обуки, духовни церемонии, индивидуални сесии и секојдневни јога часови

Ивана Батев – Индра Шакти Каур
Сертифициран учител за Аштанга јога, Кундалини јога и Движење на женствена енергија, како и Гонг терапија. Таа работи со алатките на јогата, екстатични танци, семејни констелации и звучно исцелување.

Наке Батев – Индер Прем Синг
Сертифициран учител за Кундалини јога кој на своите часови ги комбинира ефектите на крија јогата, индиски боречки вештини и дисциплината на традиционална јога пракса.

